Ќе има нов анекс, Кинезите ќе продолжат да го градат автопатот Кичево – Охрид
Владата по денешната седница објави дека ќе има нов анекс на договорот за изградба на автопатот Кичево – Охрид, што значи дека кинески „Синохидро“ и кредитерот Ексим Банка ќе продолжат да го градат и по истекот на актуелниот рок до 31 декември 2023.
„Владата ги овласти Кабинетот на заменикот претседател на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Министерството за транспорт и врски и Јавното претпријатие за државни патишта, да отпочнат преговори со изведувачот, за склучување анекс на договор, за продолжување рок за изведба, со искористување на веќе обезбедените финансиски средства за доизградба на автопатот Кичево – Охрид. Истовремено, изведбата на делницата, ќе продолжи во континуитет да се реализира“, соопшти Владата.
Како што додадоа од таму, вонредниот надзор, односно ревизијата покажала дека постои реална потреба од продолжување на крајниот рок, 31 декември 2023 година, за изведба на градежните работи на овој автопат, односно дека оваа варијанта е подобра отколку да се потпише договор со друг изведувач, односно финансиер.
„Првичниот проект за автопатот Кичево – Охрид, како што е оценето, беше со бројни пропусти во проектирањето, но со фокус на Владата и надлежните институции кон важноста на делницата, во голем дел тие се надминати и како што е оценето, во континуитет се создаваат услови за негово завршување“, велат од Владата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Коце Трајановски изврши увид долж трасата од…
-Денес заедно со главниот надзор ГИМ,изведувачот Синохидро,…
Повреден Индиец додека растоварал песок на автопатот…
Во полициската канцеларија во кичевското село Извор,…
ЦУК: Минирање на автопатот Кичево-Охрид, можност за…
ЦУК информира и за минирања во два…
Од 12:00 до 16:00 часот ќе се…
Во реон на автопатот A2 Кичево-Охрид, што…
Автомобил излета од патот Охрид-Кичево, тешко повредена…
Малолетничка е тешко повредена откако вчера автомобил…