Ќе му помогне ли РФМ? Вардар е бренд кој заслужува да биде дел од ЛШ!
На Вардар му се „заканува“ исфрлување од Лигата на шампионите, поради заостанати долгови. Ракометната федерација на Македонија застана на страната на Вардар и даде поддршка за најголемиот македонски бренд и следната сезона да биде дел од најголемото ракометно натпреварување. Беше испратено писмо до првиот човек на ЕХФ, Мајкл Видерер, во кое се изнесени неколку факти зошто Вардар треба и во новата сезона да биде дел од Лигата на Шампионите.
Македонската ракометна федерација ги цени сите обиди и инвестиции во ракометот на нашите клубови, особено во време на криза. Секогаш се стремиме да помогнеме на клубовите, за да ракометот опстане како спорт број еден во Македонија.
По комунијацијата меѓу ЕХФ и Вардар 1961, за спогодбата на поранешните долгови, која е надвор од нашите ингеренции, ние, како ракометен авторитет би сакале да замолиме да се донесе позитивна одлука за активното учество на Вардар 1961 во натпреварувањата на ЕХФ за 2022/23.
Овој клуб е обновен ракометен бренд, не само во државата, туку и на Балканот. Вардар има голема база на фанови и активно придонесува во развојот на македонскиот ракомет. Не треба ниту да се спомене дека ја освои титулата во Лигата на шампионите во сезоните 2016/17 и 2018/19, а од таа гледна точка, придонесе за нови млади фанови низ светот.
Сметаме дека одлуката за исфлање на Вардар 1961 од Лигата на шампионите, негативно ќе влијае на имиџот на ракометот, не само во Македонија, туку и на Балканот. Поради тоа, уште еднаш, би сакале да ве замолиме да го согледате горенаведеното, пред да ја донесете финалната одлука“, стои во писмото на Филип Милошевски до ЕХФ.
Во наредниве денови ја очекуваме и конечната одлука од страна на ЕХФ, која сите се надеваме дека ќе биде позитивна за Вардар, клуб кој успеа во својата историја да освои две Европски Титули.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Чупиќ нов тренер на Вардар
Прославениот хрватски ракометар Иван Чупиќ денеска е…
(Видео) Комити повторно го поздравија Миленко: „Пу*и…
Навивачката група „Комити“ и на денешниот натпревар…
Графит на Комити: Во Вардар нема место…
*Објава на навивачката група Комити на Фејсбук:…
Комити до Миленко: „Кога еден ден ќе…
„Кога еден ден ќе останеш сам, џабе…
(Видео) „И зошто ми иде да плачам…
Фудбалскиот клуб Вардар во соработка со Црвена Звезда организира хуманитарен натпревар…