Ќе нема милост: 12 лица од градежниот сектор уапсени во Турција, обвинителствата добиле наредби да „отворат истраги за злосторства поврзани со земјотресот“
Повеќе од десет лица од градежниот сектор се уапсени во Турција по земјотресот во јужниот дел од земјата во кој се урнаа илјадници згради.
Меѓу приведените има и еден изведувач од провинцијата Газиантеп и единаесет лица од провинцијата Шанлиурфа, јави турската агенција ДХА.
Страшното уривање на зградите го разоткри несовесното градење и непочитувањето на законските прописи во градежништвото, што практично предизвика жителите да ги загубат шансите за преживување. Поради ова, гневот на населението во Турција расте како што расте бројот на жртвите, досега над 25.000.
Се очекуваат нови апсења откако државниот обвинител за регионот Дијарбакир, една од десетте провинции погодени од катастрофата, во саботата објави дека се издадени 29 налози за апсење, објави новинска агенција Анадолу.
Државното обвинителство започна повеќе истраги во покраините погодени од земјотресот, како што е Кахраманмарас во којшто се наоѓа областа Пазарџик, каде што бил и епицентарот на земјотресот.
Турското Министерство за правда им нареди на обвинителите на десет провинции да „отворат истраги за злосторства поврзани со земјотресот“.
Во петокот полицијата на аеродромот во Истанбул приведе изведувач од провинцијата Хатај кој градел луксузна ренесансна резиденција, а таа се срушила како кула од карти врз станарите.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Турција го блокира Инстаграм
Овој потег уследи по коментарите на турскиот…
Турција ќе ги заловува, но нема да…
Турскиот парламент усвои закон што налага сите…
Застрашувачка изјава на Ердоган: Турција би можела…
Турција би можела да влезе во Израел…
Силен земјотрес ја погоди Турција, се почуствува…
Земјотрес со размери од 4,8 степени според…
Пристигнува помош од Словенија, Турција, Србија и…
Пристигнува помош од Словенија, Турција, Србија и…