Ќе падне тежок муабет: Телефонски разговор Путин со Бајден и Макрон
Рускиот претседател Владимир Путин денеска телефонски ќе разговара со американскиот претседател Џо Бајден и со францускиот претседател Емануел Макрон, поради зголемените стравувања дека Русија можеби се подготвува за напад врз Украина.
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, на 11 февруари изјави дека барањето за телефонски разговор меѓу Путин и Бајден доаѓа од Вашингтон. За Ројтерс, официјален претставник на Белата куќа потврдил дека повикот ќе се случи. Песков рече дека Путин ќе разговара и со Макрон. Путин и Макрон пред неколку денови се сретнаа во Москва и разговараа повеќе од пет часа.
Повиците биле договорени откако американски официјални лица рекоа дека Русија собрала доволно војници во близина на Украина за да започне голема инвазија и ги повикаа сите американски граѓани да ја напуштат Украина во рок од 48 часа.
Американскиот државен секретар Антони Блинкен рече дека денеска ќе разговара со рускиот колега Сергеј Лавров во последен обид да се спречи можна инвазија на Украина.
„Продолжуваме да гледаме многу вознемирувачки знаци на руска ескалација, вклучително и нови сили кои пристигнуваат околу границите на Украина“, рече Блинкен на прес-конференција во Фиџи на 12 февруари.
Блинкен изрази надеж дека Путин ќе ја избере дипломатијата, но рече дека Вашингтон ќе воведе економски санкции доколку Москва нападне.
Советникот за национална безбедност на Белата куќа, Џејк Саливан рече дека голема воена операција против Украина може да започне секој ден од сега, дури и пред крајот на Зимските олимписки игри. Тој, зборувајќи пред новинарите во Белата куќа, исто така рече дека ако има руски напад врз Украина, тој веројатно ќе започне со воздушни бомбардирања и ракетни напади кои очигледно би можеле да убијат цивили.
Саливан рече дека таков воздушен напад ќе ги отежне полетувањата од Украина, па затоа повика секој Американец што е таму да замине што е можно поскоро, во следните 24 до 48 часа.
И американскиот Стејт департмент претходно ги повика Американците веднаш да ја напуштат Украина поради, како што рече, зголемените закани од руска воена акција.
Велика Британија, Естонија, Холандија, Норвешка, Јапонија, Јужна Кореја, Црна Гора и Македонија исто така ги повикаа своите граѓани да ја напуштат Украина.
Останува нејасно, рече Саливан, дали Путин дефинитивно дал наредба да започне инвазија.
Русија негираше дека тоа што распоредува војници и воена опрема на границата со Украина е увертира за нов упад во поранешната советска република.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Нигеp ги пpекинува дипломатските односи со Укpаина
Нигер ги прекинува дипломатските односи со Украина…
Украина ја засилува својата ракетна програма, Зеленски…
Украина издвојува дополнителни средства за својата ракетна…
„Њујорк Тајмс“: Иран бара од Русија напредни…
Иранската влада побарала од Русија напредни радари…
ЕУ исплаќа 4,2 милијарди евра финансиска помош…
Земјите од Европската унија денеска ја одобрија…
Кулеба ќе ги убедува африканските држави да…
Украинскиот министер за надворешни работи, Дмитро Кулеба, ќе…