Објавено на:

Ќе поминеме поевтино на одмор: Во Грција од денеска се намалуваат цените на над 3.000 производи супермаркетите

t

Цените на над 3.000 производи за чистење и за лична хигиена, од денеска се очекува да бидат намалени и до 18 отсто во грчките супермаркети, според податоците од Министерството за развој на Грција, а во рамките на владините мерки за справување со инфлацијата. Од денеска стапуваат во сила четири владини мерки што имаат за цел трајно намалување на цените на конкретни производи. Според една од мерките, добавувачите се обврзани да ги намалат понудите до компаниите за малопродажба за 30 отсто, со што се намалуваат и цените во маркетите, а вклучени се производи за чистење (детергенти за перење, за миење садови, средства за чистење од секаков вид итн.), како и производи за лична хигиена (шампони и регенератори, гелови за туширање, сапуни, пасти за заби, бебешки и детски пелени). Цените на конкретните производи, според надлежното Министерство, се намалени од 12,7 со 18, 1 отсто.

Меѓу мерките е и воведување плафон на бруто профитната маржа на компаниите кои увезуваат, произведуваат и дистрибуираат бебешко млеко во Грција, што ќе резултира со првични намалувања на цената од околу 15 отсто. Дополнително добавувачите на свежи производи, односно на овошје, зеленчук и месо, се обврзани нивните производи да ги продаваат по нето цени, што ќе придонесе за постепено намалување на цените на конкретните производи во маркетите. Од Министерството за развој на Грција истакнуваат дека „главен приоритет на грчката Влада е заштитата на потрошувачите и правилно функционирање на пазарот што ќе доведе до намалување на инфлацијата“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Повеќе од 40.000 туристи се заглавени во…

Будење со звукот на сирените за воздушен…

Левица Градско: Итна еколошка контрола поради загадувањето…

Во центарот на Општина Градско, под плаштот…

Трамп никогаш поостар: Ако го нападне САД,…

Американскиот претседател Доналд Трамп порача дека Иран…

(Видео) Аеродромот во Тел Авив во пламен,…

Израелските одбранбени сили (ИДФ) денес објавија дека…

ДУИ: Злоупотреби на средства од буџетот на…

УИ изразува длабока загриженост за најновиот скандал…