Ќе понесе ли некој ОДГОВОРНОСТ од управата на клубот? Вардар го има најлошиот старт на една сезона во ИСТОРИЈАТА!
Вардар по вчерашниот пораз на гости кај Пелистер (0-1) го има и официјално својот најлош старт на една сезона во клупската историја.
Во претходниот најлош старт, во сезоната 2010/11, Вардар имаше девет бодови по 13 натпревари и потоа испадна во Втората лига. И во неколку други наврати во последните деценија ипол имало лоши почетоци (никогаш со помалку од девет бодови), но разликата е што тогаш екипата поради финансиски проблеми или била составена од младинци, или во последен момент бил „скрпен“ некако тим микс на ветерани и таленти со цел само да се одигра.
Овој пат, до црниот епилог е дојдено со СЕДУМ странци во тимот, со ПОТРОШЕНИ 500.000 евра само досега (информации од клубот) и тоа во период кога македонскиот клупски фудбал е далеку ПОСЛАБ во однос на претходните времиња.
Ќе понесе ли некој ОДГОВОРНОСТ од управата на ФК Вардар или за сите лоши резултати и бламажи ќе бидат ,,криви” само тренерите?
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Костадинов ги повика политичарите на ВМРО-ДПМНЕ од…
Градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов ги повика…
Велибор Манев пред судот: „Сум манипулиран и…
Обвинетиот Велибор Манев, кој се товари за…
(Видео) Фирма на функционер на ВМРО-ДПМНЕ од…
Лиценца за испитен центар се издава за…
Власта бесрамно се фали со донациите на…
Левица ја оценува како крајно дрска и…
Владата најави ново задолжување од 700 милиони…
Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска соопшти дека…