Ќе се активира ли генералниот штрајк повторно? Последна средба меѓу СОНК и МОН денес на “зум”
Последна средба меѓу СОНК и МОН: Ќе има ли договор за повисоки плати на просветарите?
Денеска ќе се одржи последната средба меѓу Синдикатот за образование, наука и култура и Министерството за образование. Информацијата ја сподели првиот човек на Синдикатот, Јаким Неделков преку социјалните мрежи.
Денес во 18 часот, на ZOOM апликација ќе се одржи последната работна средба меѓу СОНК и МОН закажана од овластениот помирувач. За исходот од преговорите ќе бидете благовремено информирани преку Соопштение за јавноста, објави Неделков на Фејсбук.
Претходно, двете страни соопштија дека напредок има, но тој е бавен. Членството на Синдикатот ја одби последната понуда на Владата за зголемување на платите за 12 отсто. Наставници протестираа пред седиштето на СОНК и бараа од Неделков да не отстапува од првичното барање, а тоа е зголемување на платите за 18,4 проценти.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Од утре почнува пријавувањето за субвенциониран студентски…
Министерството за образование и наука денеска објави Повик за…
Можно е враќање на средното полициско училиште
Министерството за внатрешни работи вчера, на владина…
По укинување на факултетот на Мерко, можно…
По укинување на приватниот факултет за здравствени…
Ако има место добро, ако не, здравје!…
Реконструкцијата на студентските домови „Стив Наумов“ и…
Ќе се вселуваат само „Гоце“, „Пелагонија“ и…
Според конкурсот за прием на студенти запишани…