Ќе се врши обдукција на починатата жена пронајдена во Вардар, се препорставува дека била исчезната

t

Ќе се врши обдукција на починатото женско тело кое завчера беше пронајдено во водите на Вардар кај Зелениково.

На 09.01.2025 во 11.15 часот во СВР Скопје било пријавено дека во водите на реката Вардар во село Таор, општина Зелениково, покрај стариот пат кон село Пакошево, општина Зелениково, било пронајдено тело на починато женско лице, кое било заглавено во гранки, соопштија од полицијата вчера.

Од екипа на Одделот за специјални полициски операции при МВР, телото било извадено, а по наредба на јавен обвинител било дадено на обдукција.

Неофицијално, се претпоставува дека телото е на некоја од жените кои последниов период беа пријавени за исчезнати во Скопје.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ќе се врши обдукција на починатата жена…

Ќе се врши обдукција на починатото женско…

Тројца луѓе пронајдени починати на различни локации…

Тројца починати луѓе биле пронајдени вчера на…

Пронајдено телото на Хасан Насрала

Телото на лидерот на либанското шиитско движење…

Се пребаруваат гробиштата во Злот: Еве каде…

Додека цела Србија се прашува каде е…

Продолжува потрагата по телото на Данка, притвор…

Потрагата по телото на убиената двегодишна Данка…