Ќе се вселуваат само „Гоце“, „Пелагонија“ и „Сениќ“: Почнува аплицирањето за сместување во студентските домови, „Кузман“ и „Стив Наумов“ се целосно затворени!

t

Според конкурсот за прием на студенти запишани на додипломски студии во државните студентски домови и други објекти за сместување во државата за академската 2024/2025 година обезбедени се 4.303 места, од кои 1034 за студенти од прва година, а 3269 се предвидени за студенти од втора, трета, четврта, петта и шеста година, како и апсолвенти, соопшти Министерството за образование и наука.

Годинава од ДСД Скопје се вселуваат само Гоце Делчев, Пелагонија и Томе Стефановски Сениќ. Стив Наумов и Кузман Јосифовски Питу се комплетно затворени поради реновирање.

Право на прием имаат редовни студенти кои се државјани на Македонија и се школуваат надвор од местото на живеење, запишани на додипломски студии со траење: помалку од осум семестри, а не повторувале студиска година; осум семестри, а не повторувале повеќе од една студиска година и над осум семестри, а не повторувале повеќе од две студиски години.

– Исто така, право на прием имаат и редовни студенти кои се запишани на јавните универзитети и високообразовни установи, а се избрани со конкурси, одлуки, решенија, договори и слично, односно: владини стипендисти-студенти со македонско потекло, студенти од странство кои студираат на универзитетите и високообразовните установи во Република Северна Македонија, студенти согласно програмата ЦЕЕПУС, студенти според билатерални договори, се додава во соопштението.

Студентите кои ги исполнуваат условите од конкурсот, пополнуваат електронска пријава и ја прикачуваат соодветната документација на Е-услуги.

Рокот за пријавување на студентите од втора година и повисоките години почнува од 15 јули година и трае до 31 јули.

Рокот за пријавување на студентите од прва година почнува од 10 август година и трае до 17 август. Доколку по објавување на конечните списоци со примени студенти по домови остануваат непополнети сместувачките капацитети во одреден дом, пријавување ќе продолжи сè до пополнување на истите, но најдоцна до 30 ноември.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

По укинување на факултетот на Мерко, можно…

По укинување на приватниот факултет за здравствени…

Ако има место добро, ако не, здравје!…

Реконструкцијата на студентските домови „Стив Наумов“ и…

Ќе се вселуваат само „Гоце“, „Пелагонија“ и…

Според конкурсот за прием на студенти запишани…

Запрен конкурсот за издавање учебници за деветгодишно…

Конкурсот за издавање учебници во деветгодишното основно…

Ќе се иселуваат ли во тек на…

Реновирањето на третата зграда од студентскиот дом…