Ќе се греат на сончева светлина: Русија го секна гасот и за Словачка
Рускиот државен Гаспром драстично ја намалува испораката на гас за Словачка, а властите во Братислава веруваат дека е можно чешмата целосно да се затвори, пишува полското издание на Еурактив. Не е јасно кои се причините. Така, Словачка веќе е дел од растечката листа на земји од ЕУ на кои Москва им го суспендира гасот. Во исто време, Словачка се согласи да отвори сметка во рубли – за разлика од земјите како Бугарија, Полска и Финска, кои инсистираа Гаспром да ги почитува условите од договорите и да не наметнува еднострано нови услови.
Гаспром ја извести државната компанија СПП, главниот увозник и дистрибутер на гас во Словачка, дека ќе го намали снабдувањето на половина, откако количините во претходните денови беа 2/3 од нормалните количини. Тоа значи дека руската компанија еднострано престана да ги исполнува своите договорни обврски откако СПП отвори сметка во руски рубљи во Газпромбанк во мај.
Раководството на СЈО уверува дека и со намалени испораки нема да се наруши дејноста на компанијата.
Словачка, во меѓувреме, се обидува да ги диверзифицира своите испораки на гас. Во последните месеци, Братислава потпиша договори за увоз на гас од Северното Море.
На крајот на мај беше завршен интерконекторот меѓу Словачка и Полска, што ќе овозможи пумпање на гас во двете насоки, а протокот од Полска кон Словачка е до 4,7 милијарди кубни метри годишно. Словачка исто така бара можности за снабдување со течен природен гас.
Се очекува до 10 јули словачките складишта да имаат гас за целата наредна грејна сезона – дури и во случај на целосен прекин на испораките на гас од Русија. Во моментов, складиштата во земјата се полни 52 отсто.
Руската влада продолжува да ги ограничува испораките за Австрија, објави Heute. Австриската влада формира кризен штаб, пишува весникот. Со намалувањето на залихите од 50 отсто, Австрија сепак би можела да ги задоволува дневните потреби, но по новото намалување ќе има проблем со складиштата кои во моментов се полни 40,9 отсто. Според ОМВ, снабдувањето со гас и денеска е обезбедено. ОМВ најави и дека ќе може да набавува дополнителни залихи од спот-пазарот доколку се појави потреба.
Русија прави се што е можно за да ги иритира пазарите на гас и да ги задржи високите цени на сините горива, покажувајќи две работи – дека е решена да го користи важниот извор на енергија како оружје против „непријателските држави“ и дека е непредвидлив партнер на кој не може да се потпре. .
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
„Њујорк Тајмс“: Иран бара од Русија напредни…
Иранската влада побарала од Русија напредни радари…
Кулеба ќе ги убедува африканските држави да…
Украинскиот министер за надворешни работи, Дмитро Кулеба, ќе…
Зеленски: Русија минатата недела употребила над 600…
„Руската борбена авијација, со сите средства, мора…
Сијарто: Прекинот на транзит на нафта од…
Министерот за надворешни работи и надворешни економски…
Русија ќе обезбеди поддршка за Северна Кореја…
Рускиот претседател Владимир Путин денеска му порача…