Ќе се иселуваат ли во тек на испитна сесија студентите од третата зграда во „Стив Наумов“ поради реновирање?
Реновирањето на третата зграда од студентскиот дом „Стив Наумов“ предизвика паника кај студентите кои согласно насоката на Министерството за образование би требало да ја напуштат зградата до 25 јуни, иако договорите кои студентите ги имаат склучено предвидуваат сместување до 30 јуни. Дополнителен проблем е тоа што во тек е летната испитна сесија, а иселување на студентите би значело дека тие секојдневно ќе мораат да патуваат за да ги завршат обврските на нивните факултети.
Директорот на Државниот студентски дом „Скопје“, Виктор Велевски за „Инфомакс“ изјави дека се бара решение на проблемот, но дека крајната одлука е на МОН, додека ДСД само спроведува одлуки.
– Студентите се таму до 30 јуни, како што е законски и таја е секоја година. Сега поради тоа што таму треба да се исклучи и струја и вода, а фирмата која ќе реновира бара зградата да биде комплетно изпразнета, бидејќи не одговараат доколку снема предмети кои се во сопственост на студентите.
Од МОН има одлука и насока дека треба до 25 јуни треба да се иселат, ние во ДСД не одлучуваме дали ќе се иселат, туку спроведуваме одлука. Не сакаме да оставиме никого на улица, јас околу 20 јуни ќе имам бројки, колкав капацитет има на пример во студентскиот дом „Гоце Делчев“ бидејќи таму секој ден се отселуваат студенти им прекинуваат договорите и слично, за да можат дел од студентите што доколку остане одлуката и се иселат од Стив Наумов, да можат да се сместат во Гоце. Тие имаат важечки договори и теоретски би можеле да го тужат Министерството, но доколку се сместат во Гоце Делчев нема да плаќаат посебно за престојот тие 5 дена.
Проблем е што не се знае дали ќе има капацитет во Гоце Делчев да се сместат сите студенти кои имаат потреба да останат во студентскиот дом, а ќе бидат иселени од третата зграда на Стив Наумов. Јас сум живеел во студентски дом и знам како е, не знам зошто е потребно да се брза кога тие пет дена не значат ништо за МОН и за реновирањето, а значат многу за студентите. Јас својот став во МОН го пренесов, одлуката е нивна, ние само спроведуваме, но се прави проблем таму кадешто нема никаков проблем, вели Велевски.
Од проектната единица при МОН одговорна за реновирање на зградата во „Стив Наумов“ за „Инфомакс“ велат дека доколку е проблем иселувањето на студентите, реновирањето може да се одложи за пет дена и така би немало никаков проблем.
Во текот на утрешниот ден состанок ќе имаат сите засеганти страни, по што ќе се донесе финална одлука за тоа дали студентите ќе се иселат пред време, или ќе останат во студентскиот дом согласно важечките договори.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
По укинување на факултетот на Мерко, можно…
По укинување на приватниот факултет за здравствени…
Пронајдено детето од Скопје кое беше пријавено…
Вечерва околу 19.20 часот полициски службеници од…
ИЗГУБЕН Е ВИКТОР ВО СКОПЈЕ: Ако го…
ИЗГУБЕН Е ВИКТОР ВО СКОПЈЕ, ВЕ МОЛАМ…
Ако има место добро, ако не, здравје!…
Реконструкцијата на студентските домови „Стив Наумов“ и…
Ќе се вселуваат само „Гоце“, „Пелагонија“ и…
Според конкурсот за прием на студенти запишани…