Ќе се менуваат учебниците или не? Мешовитата историска комисија на состанок денеска во Софија

t

Заедничката македонско-бугарска комисија за историски и образовни прашања денеска продолжува со својата работа.

Денеска и утре во Софија повторно ќе се сретнат членовите на Комисијата, а фокусот уште еднаш ќе биде ставен на учебниците по историја со цел подобрување на наставата по историја во двете држави, преку избегнување на недоразбирањата и поттикнувањето нетрпеливост и омраза меѓу двата народа, информираше претседателот на Комсијата од македонска страна, професор Драги Ѓоргиев за „Фокус“.

Исто така, предвиден е разговор и за заеднички чествувања, но тоа зависи од дискусијата за учебниците која вообичаено не остава простор за други теми.

Треба да бидат разгледани и некои технички прашања поврзани со работата на Комисијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Почна интервјуирањето на 42-та кандидати за новиот…

Собраниската Комисија за прашања на изборите и…

Почна амандманската расправа за Предлог Деловникот на…

Комисијата за деловнички и мандатно имунитетни прашања…

Марија Јаничевска е предложена за директорка на…

Марија Јаничевска е предлог за директорка на…

Софистицираните системи „Пегасус“ и „Предатор“ под лупа…

Денеска истекува крајниот рок до кога надлежните…