Ќе се предадете, или ќе умрете: Басурин без милост кон заробените во фабриката Азот
Лидерот на ДНР денеска изјави дека украинските сили во Северодоњецк имаат две опции, или да се предадат или да умрат.
„Тие имаат две опции – или ќе го следат примерот на своите колеги и ќе се предадат или ќе умрат“, рече Едуард Басурин началникот на Одделот за народна милиција на ДПР, пренесува РИА Новости.
Украина упати сè поитни повици за испорака на западно оружје како помош во одбраната на Северодоњецк, за што Киев вели дека е клучот за исходот на битката за контрола на источниот регион Донбас и идниот тек на војната.
Руските сили сега контролираат голем дел од Северодоњецк, центарот на крвавата битка за Донбас, но украинските сили се чини дека сè уште одржуваат некои од своите борбени линии.
Началникот на воената администрација на регионот Луганск, Серхиј Хејдеј денеска изјави дека Украина сè уште успева да евакуира некои луѓе од градот, пишува Си-ен-ен.
Русија го окупираше поголемиот дел од Северодоњецк, но украинските бранители сè уште ја контролираат индустриската област на градот и хемиската фабрика Азот, во која се кријат околу 500 луѓе.
„Околу 500 цивили се наоѓаат во фабриката Азот во Северодоњецк, од кои 40 се деца. Понекогаш војската успева да евакуира некого“, рече Хејдеј.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Цивили од Северодоњецк: Во фабриката “Азот”…
Во хемиската фабрика Азот во Северодонецк, која…
Ќе се предадете, или ќе умрете: Басурин…
Лидерот на ДНР денеска изјави дека украинските…
(Видео) Руските војници се шетааат низ Северодоњецк,…
Чеченскиот лидер Рамзан Кадиров објави снимка од…
Зеленски се пожали: Уништена клучната инфраструктура во…
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека…
(Видео) Руските хеликоптери прават пепел: Објавени видеа…
Руски хеликоптери Ка-52 уништија позиции на вооружените…