ЌЕ СЕ ПРИФАТАТ БАРАЊАТА НА МАТУРАНТИТЕ, НО НЕ СИТЕ: Министерот Шаќири за можноста да се олесни матурата
Шаќири разговарал и со претставници на студентските сојузи од универзитетите за изедначување на износите на стипендии од иста категорија со анекс на договорите.
До крајот на неделава, или на почетокот на идната, ќе имаме конкретен одговор за тоа што има законска основа и што може да се прифати од барањата на матурантите. Сè друго што не може да се прифати, и за што се потребни законски измени, не можеме да разгледуваме во овој период – изјави министерот за образование и наука Јетон Шаќири во врска со барањата на матурантите за скратување на материјалот за полагање на државната матура за што во петокот протестираа и беа примени во неговиот кабинет.
Шаќири соопшти дека за нивните барања денеска имал средба со директорката на Државниот испитен центар (ДИЦ) и нагласи дека МОН поддржува сè што има законска основа.
– Дел од ученичкиот сојуз е во редовна комуникација со ДИЦ во изминатата година и тие се известени за сè што треба да се реализира на државната матура. Но, пак, по барањето на средношколците денеска имав средба со ДИЦ и ќе имаме конкретен одговор за нивните барања – рече Шаќири одговарајќи на новинарски прашања.
Шаќири разговарал и со претставници на студентските сојузи од универзитетите за изедначување на износите на стипендии од иста категорија со анекс на договорите.
– Позитивна вест е што од оваа година обезбедивме буџетски средства за сите студенти што добиваат стипендија во истата категорија, со анекс да ги усогласиме разликите во вредностите – рече министерот.
Во врска со субвенционираниот студентски оброк, министерот рече дека ова право почнало системски да се решава и дека овој месец исплатата ќе биде побрза од претходните месеци.
Според новата Концепција за основно образование, учебници според нови наставни програми од оваа година ќе има за трето и за шесто одделение. За трето одделение, рече Шаќири, веќе завршиле дел од огласите за пријавување автори и очекува дека ќе има доволно период учебниците да бидат одобрени навреме. Во однос на постапките за шесто одделение, наставните програми се добиени пред десет дена.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Автомобил излетал од пат и паднал во…
Во СВР Скопје попладнето во 16 часот…
Oва се жртвите од масакрот во Цетиње,…
Во Црна Гора се прогласени денови на…
Директорот на АНБ доби НАТО сертификат
Бојан Христовски, директорот на Агенцијата за национална…
Братот на терористот од Њу Орлеанс тврди:…
Братот на Шамсуд-Дин Џабар (42), Абдур Џабар…
Фицо: Прекинот на транзитот на гас ќе…
Прекинот на транзитот на гас преку Украина…