Ќе се формира регионална академија за сајбер безбедност

t

Американскиот универзитет на Европа – ФОН во соработка со експерти од Израел и МЕНОРА ЕНКИДУ, ќе формира заедничка регионална академија за сајбер безбедност, сместена во рамките на универзитетот. Регионалната академија ќе придонесе за проширување на знаењата, компетенциите и вештините од областа на сајбер безбедноста на студентите на АУЕ – ФОН, за кариерен развој на наставничкиот кадар, но и за потребите на сите останати институции и корпорации од нашата земја, но и од регионот.

Ова е договорено во рамките на дводневната посета на високата делегација од Израел на АУЕ – ФОН, предводена од господинот Бар Хилик, поранешен потпретседател на Собранието на Израел, Дејвид Коен, основач и директор на компанијата „Scope Strategic Management“ и поранешен комесар на израелската национална полиција, Рони Ритман, поранешен генерал мајор на израелската полиција, Шауили Накар, директор и основач на И- ВЕЈВ, Јоси Јан, извршен директор и основач на И-ВЕЈВ, Демијан Брикман, ко-основач и извршен директор на „KIDIC“, Флори Зеви, заменик директор и ко-основач на „KIDIC“, како и Лабинот Адеми, извршен директор на „Менора енкиду“.

Во рамките на средбата помеѓу високата делегација од Израел и првиот човек на АУЕ – ФОН, господинот Сефер Цаноски се дискутираше за важноста на сајбер безбедноста, област во која треба да се применуваат строги правила кои се однесуваат на заштита на личните податоци на граѓаните и банкарските сметки, како и податоците на многу значајни институции од областа на здравството, телекомуникациите, осигурувањето, одбрана итн. Оттука, академијата која ќе се формира во соработка со АУЕ – ФОН ќе го искористи потенцијалот и ќе го пренесе искуството од страна на стручњаците од Израел, земја која што има развиено најсигурен безбедносен информатички систем, преку организирање на обуки односно дооформување на образованието и проширување на вештините за сајбер безбедност на сите заинтересирани институции од државава и регионот.

Во рамките на дводневната посета, поранешниот потпретседател на Собранието на Израел, Бар Хилик учествуваше и на дебатата на тема „Дипломатско преговарање во конфликти“, која што АУЕ – ФОН ја организираше за своите студенти. На дебатата на која присуствуваа и професорите Љубомир Фрчкоски и Денко Малески, како и

Лабинот Адеми, експерт по безбедност од Косово, беше заклучено дека политичките лидери во услови на конфликтни ситуации треба да се подготвени да носат решенија за иднината, мирот и стабилноста на државите. Сите учесници се согласија дека конфликтот не се менаџира, туку тој се решава, што е исклучително важно за сите страни инволвирани во еден конфликт.

Извор: Фокус

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„И лавот му рече на орелот мјау“:…

Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ)…

Албанска опозиција: Изградбата на прифатни центри за…

Албанската опозициска Демократска партија остро реагираше по…

Македонија и САД потпишаа Меморандум за експерска…

Македонија и САД денеска потпишаа Меморандум за…

(Видео) Пендаровски: Да внимаваме на “малигните актери”…

Претседателот на Република Македонија, Стево Пендаровски преку…