Ќе си остане во “Шутка”: Зеќири доби нови 30 дена притвор

t

Поранешниот генерален секретар на Владата, Мухамед Зеќири, останува во притвор, откако денеска Кривичниот суд му одреди нови 30 дена кои треба да ги помине во истражниот затвор „Скопје“.

Информацијата за „Фокус“ ја потврдија од судот, како и адвокатот Александар Трајковски, кој истакна дека веднаш поднел и жалба.

Тој прв пат зад решетки влезе на 8 април, а ова му е второ продолжување за нови 30 дена.

Неодамна Зеќири до Апелација поднесе и гаранција дека нема да бега, но од судот му ја потврдија изречената мерка, со појаснување дека гаранцијата која ја понудил воопшто не била разгледувана, бидејќи покрај опасноста за бегство, притворот му е одреден и поради опасност да ја попречи истрагата.

Зеќири е осомничен за злоупотреба на службената положба и овластување. Според обвинителството, без спроведување на соодветна постапка за јавна набавка, склучил договор за консултантски услуги со правно лице во што со умисла му помогнале хрватски државјани.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ