Ќе станеме ли легитимна цел на Русија? НАТО распоредува околу 8.000 војници во Македонија и регионот
Во нашата земја и регионот наскоро пристигнува огромна воена сила предводена од Британија. Според најавите на британската влада, НАТО сојузниците во деновиве што следат распоредуваат околу 8.000 војници на воени вежби низ Источна Европа вклучително и Македонија во знак на демонстрација на сила, по руската инвазија на Украина.
Како што пренесуваат медиумите, повикувајќи се на соопштението на британското Министерство за одбрана, воените вежби ќе започнат од следиот месец во повеќе држави кои се протегаат од Финска на север, па сѐ до Македонија а учество ќе земат повеќе земји членки на НАТО, вклучително и Франција и САД.
Консултираните домашни воено политички аналитичари велат дека Македонија не треба да стравува за својата безбедност бидејќи станува збор за стратешко разместување.
За „Слободен печат“ генералот и универзитетски професор Методи Хаџи – Јанев вели дека навременото распоредување на воените сили на сојузниците во овој дел од Европа е превентивно бидејќи состојбите допрва ќе се влошуваат.
– Во рамките на оперативното планирање ваквите потези се прават како дел од фазата на одвраќање, во која воените состави вршат маневар разместување, набљудување стратешко разунавање со цел да влијаат кај потенцијалниот непријател на одвраќање од евенбтуална употреба на сила – појаснува Хаџи – Јанев.
Според него со оглед на тоа дека дипломатските решенија имаат се помалку шанса логично е воените сили да вршат навремено стратешко разместување на капацитети кои треба да бидат дополнителен дел во осигурување на потенциујалниот противник за сериозноста на НАТО и сојузниците.
– Ваквото стратешко разместување се приближува и кон фазата на зграбчување на иницијативата-фаза пред да се започне со главни воени операции (офанизвни, дефанзивни дејства, или спречување на ирегуларно војување – вели генералот Хаџи – Јанев.
Слично размислува и воено-политичкиот аналитичар Милан Стефановски кој додава дека актуелните случувања во праска покажуваат како чадорот на НАТО ја „покрива” Македонија која на овој начин доживува заштита од своите поголеми и помоќни сојузници.
Извор: Слободен печат
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Марија Габриел ќе биде втор човек во…
Поранешната еврокомесарка и министерка за надворешни работи…
(Документи) Илјадници народни пари потрошени на ручеци…
Шетајте луѓе, народ плаќа. Над 17.500 евра…
Американските бомбардери Б-52 пристигнаа во Романија на…
Американските стратешки бомбардери Б-52, кои во неделата…
Активни се пожарите во Чашка, Велес, на…
РЦУК Велес, известува дека шумски пожар на…
И директори на МТВ во македонската делегација…
На политичката сцена во Македонија се уште…