Ќе стане ли фабриката во Авдеевка новиот „Азовстал“: Од ДНР порачуваат дека во таков случај ќе ги пломбираат со бетон!
Kомандантот на доброволниот баталјон „Пјатнашка“ во Доњецката Народна Република, Ахра Авиџба, порача дека коксно-хемиската фабрика во градот Авдеевка би можела да стане втор „Азовстал“ за украинските екстремисти.
Тој додаде дека доколку се случи украинските сили да се скријат во индустрискиот комплекс, неговите сили нема долго да чекаат на нивното предавање.
На новинарско прашање дали екстремистите можат да се забарикадираат во комбинатот Авдејевски, тој вели:
Да, се надевам дека е така. Ќе им покажеме дека и ние сме хумани луѓе, но не премногу. Едноставно ќе ги прелиеме со бетон. Нема да ги чекаме.
Според Авиџба, на екстремистите ќе им биде даден одреден рок да се предадат.
Ако не заминат, ќе останат тамуза секогаш – порача Авиџба.
Територијата на која се наоѓа фабриката во Авдеевка е под контрола на украинските сили. Во негова близина речиси осум години минува линијата на разграничување меѓу вооружените сили на Украина и Народната милиција на Доњецката Народна Република (ДНР). Од територијата на оваа населба, украинските војници постојано ја гранатираат територијата на ДНР, која се наоѓа во близина на предградијата на Доњецк.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
САД се подготвуваат да копаат литиум во…
Украинските власти ги презедоа првите чекори за…
Украина и Австрија ќе ја зајакнат соработката…
Министрите за надворешни работи на Украина и…
Путин и Ердоган го осудија нападот на…
Рускиот претседател Владимир Путин и турскиот лидер…
Путин и Трамп разговарале за конфликтот меѓу…
Рускиот претседател Владимир Путин разговарал по телефон…
Лавров разговараше со иранскиот колега: „Израел ја…
Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров…