Ќе уценува ли ДУИ повторно? Џафери: За укинување на пржинската влада треба консензус од поголемите партии

t

Претседателот на Собранието вели дека ВМРО-ДПМНЕ требало да почека да се постигне консензус и предлогот да се поднесе со потписи и од координаторите на пратеничките групи од другите партии. Укинувањето на пржинската влада, тој најавува дека ќе се најде на дневен ред кога предлог-законот ќе биде преведен.

За предлогот за укинување на „пржинската влада“ кој веќе е поднесен во Собранието од опозициската ВМРО-ДПМНЕ, според претседателот на Собранието Талат Џафери, не е проблемот кога ќе се стави на собраниска седница туку е потребно да се обезбеди консензус од поголемите политички партии.

Во гостување во „Дневникот“ на ТВ Сител вечерва тој посочи дека и до таквиот модел на влада се дојде со процесот за надминување на политичката криза во 2015 и 2016 година и оти тој договор беше условно кажано постигнат надвор од Собранието помеѓу четирите поголеми политички партии во тоа време.

„Имавме координација минатиот понеделник, координаторот на ВМРО-ДПМНЕ излезе со укажување дека тие подготвиле предлог-закон и ќе го пуштат во постапка. Укажав дека тој предлог-закон во секоја смисла треба да ја има и поддршката низ потпис на координаторите како што впрочем и пред неколку години го имавме со соодветните потписи. Но, не чекале тоа да се усогласи така, туку го пуштиле. Ако имало консензус опозицијата требало да чека тој консензус да се изразува и низ потписите на другите координатори од поголемите политички партии“, – рече Џафери.

Тој очекува предлог-законот за укинување на „пржинската влада“ да се најде на дневен ред откако ќе биде преведен на албански јазик од собраниските служби.

Техничката влада беше воведена како модел за време на преговорите меѓу партиите во Пржино, за излегување од големата политичка криза по откривањето на аферата со масовното нелегално прислушување, односно пред предвремените парламентарни избори во 2016 година. Оттогаш во земјава имаше две преодни влади: првата беше предводена од техничкиот премиер Емил Димитриев од ВМРО-ДПМНЕ, а на чело на втората преодна влада пред изборите во 2020 беше Оливер Спасовски од СДСМ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ВМРО-ДПМНЕ прво се извинија па сега откриваат…

Во два наврата претходно за време на…

СДСМ: Мицкоски коленичи пред Гаши, ова е…

Малку требаше за Мицкоски да си ги…

Владата го усвои ребалансот на Буџетот

Владата го усвои ребалнсот, поточно дополнетиот предлог…

Именувани се в.д директори на Царинската управа…

Владата на денешната седница донесе повеќе кадровски…

ДУИ бара сеопфатен ветинг на сите јавни…

Претседателот на ДУИ Али Ахмети денеска имаше…