Ќучук: Уставните измени не се бугарски услови туку европска определба
За да биде дел од Европската унија, Република Македонија мора да го промени својот Устав, изјавил бугарскиот европратеник Илхан Ќучук, кој ќе учествува на конференција организирана во Европскиот парламент, насловена како „Секогаш поблиска унија – придонесот на Бугарија за целосна европска интеграција“.
Според неговите зборови, влезот во ЕУ значи правила и исполнување на обврските.
-Верувам дека ќе се најде политички разум и РМ ќе ги исполни преземените обврски. Тоа не се бугарски услови, туку европска определба изгласана од двете страни, прокоментирал европратеникот, пренесуваат бугарските медиуми.
Претседателот на Собранието, Талат Џафери ја прекина седницата за уставните измени на 18 август. Дневниот ред на седницата во Собранието за отпочнување на процедурата за уставни измени беше усвоен со 70 гласа „за“, а по исцрпувањето на дискусијата за предлог-одлуката за пристапување кон измена на Уставот, претседателот Џафери го одложи гласањето до обезбедување двотретинско мнозинство.
Официјална Софија лани го повлече ветото на македонските евроинтеграции наметнато поради поради историски, јазичен и идентитетски спор со Скопје. Но за да почне земјава да отвора кластери во преговорите со ЕУ треба да го промени Уставот и во него да ги вклучи и Бугарите.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Никакво рационално објаснување зошто се чекаше…
Нема никакво рационално објаснение зошто после полни…
Вајц: Бев мета затоа што одбив да…
Тој се пожали дека бил цел на…
Важно известување: АХВ со нови мерки за…
Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) воведе…
Не ги изедначувајте празниците:Задушницата е за спомен…
Граѓаните честопати ги изедначуваат празниците Задушница и…
Дебитантот Деспотовски: Против Белгија мораме да бидеме…
Македонската фудбалска репрезентација в петок на 6…