Ѝ се заканувал на жена по нејзиниот и животот на нејзиното семејство за да му даде 15.000 евра
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека во последните 2 месеца вршело кривично дело – Изнуда од член 258 став 1 од Кривичниот законик.
Осомничениот, телефонски и преку пораки на различни апликации упорно контактирал жена во странство, и упатувал сериозни закани по нејзиниот и по животот на нејзините мајка и брат, доколку не му исплати 15.000 евра.
На оштетената и дал рок до 26.09 за исплата на парите, па се договориле да му испрати 500 евра по Вестерн унион, што таа го направила на 17 септември. За исплата на дополнителни 4.500 евра требало да дојде во земјава и да му ги предаде пред Клиниката за онкологија.
Кога пристигнала во земјава на 25 септември оштетената веднаш го пријавила. Штом дошол на договореното место да ги земе парите, осомничениот 37-годишник бил приведен.
Имајќи ги предвид сите околности, опасноста од бегство, можноста да влијае врз сведоците и оштетените или да го повтори делото, јавниот обвинител предложи на осомничениот да му биде определена мерка притвор.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ѝ се заканувал на жена по нејзиниот…
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје…
Три лица изнудиле пари од скопјанец, му…
Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за…
Полиција влегла кај „Кумановска горила“, целта е…
*Објава на Фејсбук на Милош Милошевски Поддршка…
(Видео) Полицијата уапси човек кој подготвувал масакр…
Шокантни вести од Лондон по завршување на…
Притворен е уште еден осомничен од групата…
При обид за влез во државата на…