Џабе барате оправдувања за да си го симнете гревот од душа, порача Каракамишева

t

Професорката по уставно право, Тања Каракамишева на нејзиниот Фејсбук профил објави краток статус во врска со изјавата на осуммината пратенци од поранешната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ, кои гласаа за уставните измени, односно за прмена на уставното име на државата.

“Преспанскиот договор НЕМА НИКАКВА ВРСКА со признавањето на МПЦ-ОА од страна на СПЦ!

Не барајте изговори и безвезни оправдувања за да си го симнете гревот од душа!

#ИмаСамоЕднаВистинаИмаЕднаМакедонија” , напиша Каракамишева на Фејсбук.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ