Џабе велите дека не сте наци-фашисти: Џамбаски го слави раѓањето на џелатот Борис Трети, го обединил народот од Охрид до Црното Море
Џабе се обидуваат да си ја сменат историјата, ај нивната, па и нашата, со лажни приказни за некоја непостоечка антифашистичка Бугарија, кога официјални претставници на земјата во Европскиот парламент слават нацсти, а очигледно и самите имаат таква идеологија штом не можат да се откажат од “идолите”.
Европратеникот Ангел Џамбаски на Фејсбук го слави раѓањето на нацистот Цар Борис Трети кој е одговорен за смртта на над 7.000 македонски Евреи бидејќи самиот наредил нивна депортација, а неговите генерали извршиле невидени ѕверства во Македонија за време на фашистичката окупација.
– 129 години од раѓањето на Н.В. Цар Борис III – Обединувачот. Лагите кажани во Скопје не можат да го избришат единството што му го донесе на бугарскиот народ од Охрид до Црно Море.
Поклон и вечна слава!
#Запатете ги хероите – напиша Џамбаски на Фејсбук.
Да, Џамбаски сонува за голема Бугарија и тоа го кажува секојдневно, ама едно е сон, а друго е реалност. Таква Бугарија има само во неговите соништа, ама додека сонува треба да се сети дека и порано други сонувале така, ама Македонецот никогаш не го дал тоа што е негово.
Наместо да ни солат памет за европски вредности нека си ги “подзачистат” наци-фашистите во нивните редови, господата Бугари, па после да кажуваат што да правиме ние.
Смрт за фашизмот, слобода за народот!