Џабе радоста на Зеленски, Русите го чекаат американскиот “Патриот”: Ја знаеме слабата точка
Американскиот систем за противвоздушна одбрана „Патриот“ има Ахилова пета, што е неговата мала подвижност. Русите го знаат тоа и можат да го искористат за да го неутрализираат. Со овој факт станува јасно зошто Владимир Путин изгледал крајно самоуверен кога рекол дека руските сили ќе го уништат „патриотот“.
Имено, за ракување со еден ракетен систем потребни се само три лица. Но, дури 90 војници и повеќе од еден час се неопходни за да се премести и да се постави на друго место, пишува колумнистот на „Форбс“, Пол Ајдон.
Како што забележува авторот, малку е веројатно дека Украина ќе го користи овој систем за да ги потисне беспилотните летала, бидејќи нивната употреба во голем број овозможува да се открие локацијата на системот за противвоздушна одбрана. Тоа значи дека ако Русите ја откријат позицијата на „патриотите“, имаат доволно време да го нападнат и уништат.
„Патриот“ е прилично стар систем кој датира од средината на седумдесеттите. Развојот започна во 1976 година и првично беше наменет како противвоздушно оружје. Тој стапил во употреба во 1984 година, а од 1988 година се користи како противракетен систем.
„Патриот“ беше употребен за прв пат во 1991 година во Заливската војна кога наводно уништил повеќе од 40 ирачки ракети Скад. Повторно беше употребен за време на инвазијата на Ирак во 2003 година, а Израелците успеаја да го искористат за да соборат два беспилотни летала на Хамас. Најголемиот успех е забележан на 23 септември 2014 година, кога Израел собори и сириски авион Сухој Су-24 кој навлезе во воздушниот простор на Голанската висорамнина.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Зеленски на ручек со кралот Чарлс Трети
Претседателот Зеленски се сретна со кралот Чарлс…
Кремљ до Белград: Згазивте векови старо братство…
Според прес-бирото на Службата за надворешно разузнавање…
Путин: Агресијата против Иран е неиспровоцирана и…
Рускиот претседател Владимир Путин започна состанок со…
Иранскиот шеф на дипломатијата Арагчи оди во…
Министерот за надворешни работи, Абас Арагчи, одговарајќи…
Захарова: Русија е подготвена да го реши…
Разговорите меѓу Русија и Украина се движат…