Џамбаски повторно се сили: Ќе одиме во Македонија кога сакаме, никој не може да ни диктира кога и каде да одиме

t

Тоа што Бугари не можеа да влезат во Македонија е вистински срам и неуспех на бугарската политичка класа. На денот на 151-годишнината од раѓањето на Гоце Делчев, видовме како земја која не е дел од ЕУ, земја во која војува антибугарскиот македонизам, ги понижува Бугарите.. Ова за НОВА вести го изјави копретседателот на ВМРО и европратеник Ангел Џамбаски, коментирајќи ги информациите за Бугари запрени на границите меѓу Македонија и Бугарија.

„Ќе одиме во Македонија кога и како ќе одлучиме, и кога и како сакаме. Ние сме ВМРО и нема да дозволиме никој да ни диктира кога да одиме, каде да одиме и каде да не одиме. Но, што се случи на границата со РМ е вистинскиот срам и неуспех на бугарската политичка класа која гласаше за укинување на таканареченото вето.Затоа што видовме како земја која не е дел од ЕУ, земја во која војува антибугарскиот македонизам ги понижува Бугарите кои сакаат да се поклонат пред саркофагот на Гоце Делчев“, рече европратеникот.

Според него, тој веќе ги упатил колегите од ЕП поради постапките на Скопје. „Сепак, резултатот ќе биде нула. Овие луѓе се слепи, неми и глуви кога станува збор за кршење на правата на Бугарите во Македонија. Ама кога тепаат Бугари во РМ – молчат. Ова е вистинскиот срам и вистинскиот неуспех“, нагласи тој.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ