Џамбаски се отрезни од вчерашниот шок: Не требало да ни се дозволи влез во ЕУ затоа што мразиме Бугари
Ангел Џамбаски се отрезни од вчерашниот шок кој му го приредија најпрво македонските полицајци на граничниот премин Деве Баир, а потоа и судијата што ги протера тројцата Бугари кои ја нападнаа македонската полциија.
– Остана ли сомнеж зошто не треба да се им се довзоли на мразачите на Бугари од Северна Кореја да започнат преговори за членство во ЕУ? – напиша европстаеникот познат по неговите се, само не европски изјави во врска со Македонија.
Очигледно за Џамбаски е европска вредност да се напаѓа полиција, а полицијата да молчи затоа што тие се специјална раса, Бугари, па и Европејци, за разлика од нас.
Но полицијата постапи соодветно, после долгите провокации беа уапсени и изведени пред суд, по што беа протерани од Македонија, осносно веќе не можат да влезат на наша територија.