Џамии, цркви, студентски домови на листата најголеми потрошувачи на струја во Македонија

t

17 семејства трошат 10% од вкупната потрошувачка на струја во земјава, откри вчера Регулаторнат комисија за енергетика.

Но за какви објекти се работи?

ТВ21 дојде со списокот на најголемите потрошувачи во државава во домаќинствата, институции и други објекти.

Се работи за верски објекти (цркви и џамии), голем ланец на супермаркети, еден хотел во Скопје, студентски домови во Скопје, приватно училиште и други.

Меѓу најголемите потрошувачи се најде и куќа на познат бизнисмен лоцирана во Злокуќани.

Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика Марко Бислимовски вчера на прес конференција нагласи дека 17 семејства во државава трошат 10 проценти од вкупната потрошувачка на домаќинството.

Тој посочи дека тоа е околу 330 милиони киловат часови или приближно 30 проценти од домашното производство од хидроелектраните во сопственост на ЕСМ, но додава дека овие 17 домаќинства немаат проблем, односно редовно си ги плаќаат сметките.

Инаку, се подготвува и најголемата измена на тарифниот систем за електрична енергија, кој што е во завршна фаза.

Според Бислимовски, ќе се воведат блок тарифи за кои се прават последните анализи со Електротехничкиот и Машинскиот факултет. За евтината тарифа потрошувачката ќе биде ограничена и нема да има блокови, додека највисокиот блок на цената за домаќинствата ќе биде приближна со пазарната.

Извор: ТВ 21

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кина му помага на партнерот од БРИКС…

Јужна Африка ја доби првата серија кинески…

Левица: Државната ЕСМ Продажба да ја преземе…

Денови повторно е актуелна темата за законската…

ГИ УДРИЛО СТРУЈА ДОДЕКА ГАСНЕЛЕ ПОЖАР Повредени…

СВР Охрид соопшти дека синоќа околу 23…

Дел од Општина Карпош утре без струја

Во текот на утрешниот ден, без електрична…

Без струја делови од Скопје

Регионалниот центар за управување со кризи по…