Џафери ги определи вицепремиерите во Владата

t

Претседателот на Владата на Република Македонија, Талат Џафери, на првата седница на новоизбраниот владин состав, ги информираше членовите на Владата дека за заменици на претседателот на Владата ги определи:

– м-р Бојан Маричиќ, за прв заменик на претседателот на Владата на Република Македонија, задолжен за европски прашања;

– Артан Груби, за заменик на претседателот на Владата на Република Македонија, задолжен за координација на политички прашања на ресорите и министер за политички систем и односи меѓу заедниците;

– Фатмир Битиќи, за заменик на претседателот на Владата на Република Македонија, задолжен за економски прашања и за координација со економските ресори и инвестиции и

– м-р Славица Грковска, за заменик на претседателот на Владата на Република Македонија, задолжена за политики на добро владеење.

Џафери на првата седница рече дека клучната задача на техничката Влада е да подготви и организира слободни, фер и демократски избори според највисоките европски стандарди.

-Пред нас е клучна задача, подготовка и организација на слободни, фер и демократски регуларни избори во отворена и законска процедура, кажа Џафери во првото обраќање пред новиот владин состав, во кој најголемата опозициска партија има двајца министри и тројца дополнителни заменици-министри.

Во оваа задача, посочи тој, „имаме обврска да соработуваме со Собранието, Државната изборна комисија и мисијата на ОБСЕ/ОДИХР, но и со ЕУ и САД како наш стратешки партнер, за да обезбедиме највисоки европски стандарди во процесот на изборната кампања и на самите избори, со целосен фокус на создавање услови во кои граѓаните јасно ќе ја изразат својата волја на изборите“.

Парламентарните избори ќе се одржат на 8 мај, среда, заедно со вториот круг од претседателските избори. Првиот круг од изборите за претседател на Македонија ќе се одржи во среда, на 24 април.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Иван Нисов се огласи од Полска: Состојбата…

Еден од повредените во страшниот пожар што…

Се врати во Македонија првиот од 115…

Попладнево во земјава пристигна првиот пациент кој…

Во денови на жалост Владата троши 400…

22 милиони 857 илјади и 961 денари…

(Видео) ЗАРАДИ ОВА ИМАШЕ ЗАБРАНА ЗА ДРОН?!…

Радио МОФ објави снимка на која се…

Нема веќе молк, нема повеќе страв –…

Нема веќе молк, нема повеќе страв -…