Џафери го дискриминирал Апасиев: “Не ти бега и едно тужбиче, прописно”

t

Претседателот на Собранието Талат Џафери го дискриминирал пратеникот и лидерот на Левица, Димитар Апасиев, утврди Комисијата за спречување и заштита од дискриминација.

-Се утврдува директна дискриминација врз лицето Димитар Апасиев врз основа на политичко уверување во областа на правосудство и управа, сторена од страна на Собранието на Република Македонија и Талат Џафери од функција на претседател на Собранието, се наведува во мислењето на комисијата до кое дојде „Фокус“.

Од Комисијата образложуваат дека било постапувано по претставка поднесена од Апасиев.

-Подносителот на претставката тврди дека врз него е сторена дискриминација со тоа што бил ставен во понеповолна положба од останатите граѓани од страна на Џафери во рамки на постапка по предлог барање за поведување на граѓанска иницијатива за собирање потписи од најмалку 150.000 избирачи за распишување на задолжителен дополнителен референдум на државно ниво на целата тероторија на Републиката до Собранието, појаснуваат од Комисијата.

Оттаму даваат и препорака, односно го укоруваат претседателот Џафери во иднина да се воздржи од дискриминација.

-Се препорачува Собранието, односно претседателот Џафери во иднина да ги почитуваат правата и обврските што произлегуваат од Уставот, Деловникот за работа на Собранието и Законот за Собрание и во иднина да се воздржуваат од дејствија во постапки по граѓански иницијативи на државно ниво пред Собранието, кои во смисла на одредбите од Законот за спречување и заштита од дискриминација претставуваат дискриминација по било кој основ, се наведува во препораката на Комисијата.

Апасиев кратко на Фејсбук порача:

“Не ти бега и едно тужбиче, прописно”.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Најкорумпираниот функционер на ДУИ, Беким Мемети ги…

Беким Мемеди е единствениот албански шериф во…

Апасиев: Единствена македонска опозиција што го чува…

Пратеник по Устав и по Деловник има…

ЏАФЕРИ: Ако партиите не обезбедат консензус, ќе…

Претседателот на Собранието Талат Џафери вели дека…

Џафери – Ву Таик: Потребно е отворање…

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија,…

Џафери – Озогуз: Германија е силен поддржувач…

Претседателот на Собранието на Македонија, Талат Џафери…