Џафери: Да бидеме едногласни за напредна и успешна Македонија!
Претседателот на Собранието Талат Џафери упати честитка до припадниците на православна вероисповед по повод големиот христијански празник Богојавление-Водици.
– Нека водата која дава живот, која храни и негува, расте и развива, протече лесно и брзо. Нека биде бистра и моќна. Нека биде силата која ќе не обедини како граѓани, како соседи, пријатели и соработници. Да бидеме заедно и едногласни, придонесувајќи за целта која ја посакуваме и заслужуваме – Република Македонија, напредна, успешна и полноправна членка на европското семејство на народи. Нека овој празник ги растера темните и неизвесни облаци, нека ги облагороди мислите и поттикне солидарност, сочувство и искреност во секој од нас. Мудро, зрело и одговорно да ги надминеме предизвиците што ги носи иднината за да обезбедиме мир, напредок и благосостојба за граѓаните и за Република Македонија, се вели во честитката од претседателот на Собранието.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Никакво рационално објаснување зошто се чекаше…
Нема никакво рационално објаснение зошто после полни…
Вајц: Бев мета затоа што одбив да…
Тој се пожали дека бил цел на…
Важно известување: АХВ со нови мерки за…
Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) воведе…
Не ги изедначувајте празниците:Задушницата е за спомен…
Граѓаните честопати ги изедначуваат празниците Задушница и…
Дебитантот Деспотовски: Против Белгија мораме да бидеме…
Македонската фудбалска репрезентација в петок на 6…