Џафери до Крмов: Вие не сте милионер, без апанажа ќе останете на волјата Господова

t

Предлогот на Левица за укинување на апанажата на избраните и именуваните функционери доби поддршка само од 16 пратеници и со тоа Собранието нема да расправа за него. Интересно е дека за законот гласаа само 16 пратеници, 13 беа против, додека другите воопшто не се изјаснија.

-Измените на Закон за плата и други надоместоци на избрани и именувани фунционери го предлагаме дека и така платите на фунционерите се многу поголеми од тие на другите граѓани и тое е еден вид на класна и социјална дискриминација. Треба да се укине таа одредба бидејќи функционерите за да добијат апанажа треба да имаат само 2 години стаж, а другите работници треба да исполнат околу 12 услови. Министри кои се милионери бараат апанажа. Апсурд е државата да издржува милионери. Недозволиво е во една од најсиромашните земји во Европа да се издржуваат функционери милионери – рече Борислав Крмов од Левица во образложението на предлог законот.

Претседателот на Собранието Талат Џафери од говорница кажа зошто гласал против укинувањето на апанажата.

-Оваа највисока легислативна власт фунционира врз основа на Уставот и Деловникот. Сите имаме предвид дека Собранието не е локална самоуправа кое функционира без надоместоци. Образложението дека фунционерите се милионери и не треба да им следува апанажа, но што правиме со тие што не се милионери. Еве вие Крмов не сте милионер и ќе треба да останете на волја Господова. Држава се гради врз принципи – рече Џафери.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Никакво рационално објаснување зошто се чекаше…

Нема никакво рационално објаснение зошто после полни…

Вајц: Бев мета затоа што одбив да…

Тој се пожали дека бил цел на…

Важно известување: АХВ со нови мерки за…

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) воведе…

Не ги изедначувајте празниците:Задушницата е за спомен…

Граѓаните честопати ги изедначуваат празниците Задушница и…

Дебитантот Деспотовски: Против Белгија мораме да бидеме…

Македонската фудбалска репрезентација в петок на 6…