Џафери: Експресниот пат Крива Паланка- Ранковце е значајна патна артерија од Коридорот 8
Претседателот на Владата на Република Македонија, Талат Џафери, денеска изврши увид на изградбата на експресниот пат Ранковце- Крива Паланка, којшто е значајна патна артерија од Коридорот 8.
Изградбата е поделена во две делници: Длабочица – Чатал со должина од 15,5 километри и ширина од 12,5 метри, и Крива Паланка – Длабочица со должина од 10 км и ширина на коловозот од 11,4 метри. Моменталната реализација на првата делница е 70% и 87% на втората, а патот се очекува да се заврши до мај годинава.
„Од ова што го видовме на терен, задоволни сме од динамиката, квалитетот и од сѐ она што е изведено досега. Очекувам во соодветен рок патот да биде завршен.
Делницата во другиот дел, како што ме информираа од ЈПДП и министерството е во понапредна фаза, но очекувам до крајниот рок да бидат завршени работите”, изјави премиерот Џафери.
Со изградбата на експресниот пат Ранковце – Крива Паланка, значително ќе се скрати времето на патување меѓу Куманово и Крива Паланка. Како Влада, вложувајќи во нова патна инфраструктура, овозможуваме побрзо патно поврзување на државата, што ќе донесе многу придобивки како што е поврзувањето на Македонија со пристаништата во Варна на исток и Драч на запад.
Во овој регион се инвестира и во изградба на железницата од коридорот север-ј уг, што е дополнително подобрување во поврзувањето на Македонија со Европа. Со новите и модерни патишта, Македонија ќе биде привлечна за нови странски инвеститори, а со тоа ќе се отворат и нови работни места.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Активни се пожарите во Чашка, Велес, на…
РЦУК Велес, известува дека шумски пожар на…
Изгубено 3-годишно девојче во Неа Флогита, се…
Во познатото туристичко место Неа Флогита, Грција…
(Видео) Претседателката ќе чека новата влада да…
Сиљановска ќе почека да се формира новата…
ДУИ му помогна на Мицкоски за двотретинско…
Со 88 гласа “за” пред 3 часот…
Американската амбасада ќе ги подобрува односите помеѓу…
Аташето за култура и образовани на САД…