Џафери и коориднаторите на пратеничките групи ќе се договараат за презентација на договорот со Бехтел и Енка

t

Во Собранието утре се очекува да се одржи координативна средба на претседателот на Собранието, Талат Џафери со првите луѓе на пратеничките групи. Една од темите на средбата, според најавите, би требало да биде и договор за тоа како и на која собраниска комисија би бил презентиран Договорот со „Бехтел и Енка“ за изградба на делови од коридорите 8 и 10д пред пратеници со безбедносен сертификат.

Претседателот на Собранието Талат Џафери на брифинг со новинари најави дека е можен договор на оваа координативна средба, но прашање е дали со него ќе се согласат и од опозициската ВМРО-ДПМНЕ, чиј координатор Никола Мицевски не присуствува на средбите.

Премиерот Димитар Ковачевски минатата недела изјави дека прифатил Договорот да биде презентиран од владини претставници пред пратеници со безбедносен сертификат и дека согласноста е испратена во Собранието.

Пратеникот Антонио Милошоски во име на неколкумина пратеници од опозициската ВМРО-ДПМНЕ со безбедносни сертификати изјави дека тие по Устав и по закон имаат право на пристап до секој документ со назнака „државна тајна“.

– Според Уставот и според Законот за класифицирани информации пратениците кои што поседуваат безбедносен сертификат имаат право на пристап до секој документ „државна тајна“, а не некои владини министри да ги прераскажуваат тие документи во Собранието. Пристап е да го имате документот и договорот во раце, да го анализирате и да знаете кои се добри, а кои се лоши клаузули за буџетот, рече Милошоски во изјава за медиумите.

Џафери на средбата со новинарите кажа дека првата нова седница на Собранието е закажана на 10 мај.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) „Вмровска“ шота за прослава на Илинден…

Со албански фолклор Собранието го одбележува најголемиот…

(Документи) Илјадници народни пари потрошени на ручеци…

Шетајте луѓе, народ плаќа. Над 17.500 евра…

Ексклузивно – 3акани по жив0т кон пратениците…

Непознати лица преку меил им се заканувале…

(Видео) Битиќи: Во најава е „Франкенштајн економија”, …

„Наместо фискална консолидација, имаме тотална фискална деструкција.…

Пратениците од Левица остварија средба со кинескиот…

По повод 97 години од формирањето на…