Џафери: Македонија е извозник на мир во светот

t

Немаме друга алтернатива освен да продолжиме да се бориме за опстојување на системот на владеење на правото, над системот на владеење на силата и менувањето на границите со употреба на сила, порача претседателот на Собранието Талат Џафери во обраќањето на Состанокот на високо ниво на претседатели на парламенти на земји членки на НАТО „Глобални предизвици, глобални партнери, глобален НАТО“, што се одржува денеска и утре во Вилнус.

Нашата битка, посочи Џафери, мора одлучно да продолжи преку зајакнување на постојните партнерства и потрага по нови, креативни партнерства и сојузи со држави и организации кои сè уште веруваат во свет заснован на демократски и либерални вредности, нивна заштита, долгорочна одржливост и резистентност кон овие негативни процеси. Нам како претставници на народот, ни останува да продолжиме да ги промовираме вербата и исправноста на мултилатерализмот, како единствен механизам кој овозможува мир и просперитет во светот.

Тој истакна дека државава со исполнувањето на стратешката цел – зачленувањето во НАТО, успеа да ја заштити независноста, територијалниот интегритет, неповредливоста на меѓународно признатите граници, но и да промовира добрососедска политика и стабилност во поширокиот регион.

-Мојата земја, Република Македонија, е пример на земја која беше увозник, а денес е извозник на мир, активен партнер и контрибутор на Алијансата. Нашите заложби за придонес кон глобалниот мир и безбедност претставуваат водилка за нашите институции, за нивна континуирана подготовка на капацитети и способности за учество во меѓународните мисии и операции на НАТО, но и на Европската унија и Организацијата на Обединетите Нации, рече Џафери.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ЛДП го поддржува предлогот од 5% од…

„Во пресрет на претстојниот самит на НАТО,…

(Видео) Никакво рационално објаснување зошто се чекаше…

Нема никакво рационално објаснение зошто после полни…

Вајц: Бев мета затоа што одбив да…

Тој се пожали дека бил цел на…

Важно известување: АХВ со нови мерки за…

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) воведе…

Не ги изедначувајте празниците:Задушницата е за спомен…

Граѓаните честопати ги изедначуваат празниците Задушница и…