Џафери: Не сум политичар од Фејсбук, министрите на Алијанса институционално да се изјаснат!
Премиерот во техничката Влада Талат Џафери во интервју за МИА изјави дека ја следи ситуацијата во Алијанса на Албанците, која има тројца министри во владиниот состав, и дека ќе постапи согласно неговите надлежности. Џафери вели дека нема да се раководи од Фејсбук статуси, туку дека членовите на Владата од оваа партија ќе треба официјално по институционална линија да се изјаснат во ситуација кога имаат спротиставени ставови дали имаат чувство на припадност на овој состав или не.
„Во принцип знаете многу одамна сум кажал не сум политичар од Фејсбук, сходно на тоа не сум премиер кој се раководи со изјави по Фејсбук или на партиски активности. Јас сум премиер на оваа Влада и соодветно ќе треба да се изјаснат, официјално, членовите на Владата во ситуација кога имаат спротивставени ставови, да се изјаснат по институционална линија дали имаат чувство на припадност на овој состав или не. Не можам да се раководам по она што се случува по телевизии и по конференции партиски“, изјави Џафери во интервју за МИА.
Вели дека има воспоставено и лична комуникација со министрите и со замениците и дека тие можат секогаш да ги го побараат, но нагласува дека тој ќе се раководи од институционалната постапка и соодветно на тоа ќе одлучи каков ќе биде исходот.
„Јас сум премиер на Владата и сум излегол пред Собранието со предлог на состав на Владата и програма и моите надлежности се да ја следам работата на Владата, да констатирам дали сите членови на Владата се во рамки и во правец на исполнување на она што е програмска определба за што овој состав добил подршка соодветно од Собранието. Секако, не спорам во правото на учесниците да ги преиспитаат своите ставови во однос на учеството во Владата така што секој еден член на Владата е слободен да се изјасни во однос на својот статус понатамошен во Владата. Моето е да следам и во меѓувреме сходно на однесувањето и изјаснувањето и да постапам во рамки на моите надлежности, а моја надлежност во такви ситуации како крајна е да излезам пред Собранието со други предлози и уставни надлежности кои ми се, но во секој случај по соодветни консултации во однос на ситуацијата. Јас ја следам состојбата. Не ги коментирам состојбите,“ изјави Џафери.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Владата го усвои ребалансот на Буџетот
Владата го усвои ребалнсот, поточно дополнетиот предлог…
Именувани се в.д директори на Царинската управа…
Владата на денешната седница донесе повеќе кадровски…
(Видео) Меџити: Иван Стоилковиќ не е важен…
Иван Стоилковиќ не е важен и не…
Многу гордо: Мицкоски договорил заедничка седница на…
Косово и Македонија ќе имаат заедничка владина…
Влада во Влада: Владините функционери од ВЛЕН…
Продолжува паралелното функционирање на членовите на Владата…