Џафери – Озогуз: Германија е силен поддржувач на Македонија, особено на патот кон ЕУ

Претседателот на Собранието на Македонија, Талат Џафери на денешната средба со потпретседателката на германскиот Бундестаг, Ајдан Озогуз истакнал дека оваа посета е знак на континуираниот германски интерес за унапредување на соработката на сите нивоа, вклучително и на парламентарно ниво.
Џафери истакнал дека Сојузна Република Германија е наш силен поддржувач, особено на патот кон евроинтеграциите и изразил надеж дека овој континуитет на интензивната соработка ќе продолжи и понатаму.
-Тој ја истакна нашата определба во рамките на НАТО алијансата рамноправно да учествуваме во сите активности со нашите партнери, вклучително и во контекст на Украина каде сме активно вклучени во обезбедувањето на помош за потребите на украинските институции. Целосно сме приклучени и на ЕУ во однос на наметнувањето на санкции на Руската Федерација, се наведува во соопштението од собраниската прес-служба.
Џафери потврдил дека и понатака ќе продолжи поддршката што ја дава Собранието на ИПС програмата во чии рамки стипендистите кои престојуваат во Германскиот Бундестаг на обука и стажирање, одреден период поминуваат на пракса и во нашето Собрание.
Потпретседателката на германскиот Бундестаг, Ајдан Озогуз изразила благодарност за посетата на нашиот законодавен дом и задоволство од позитивниот однос кон продолжување на поддршката на ИПС програмата.
Озогуз, како што е наведено во соопштението, се задржала и на моменталната ситуација на безбедносен план на Европскиот континент и во светот и изразила очекување да се надмине овој период на поделен континент. Истакнала дека Германија силно ја подржува нашата земја за отпочнување на преговорите со ЕУ и дека верува оти и соседна Бугарија ќе ги преиспита своите чекори и одлуки.
На средбата биле разменети мислења и околу застапеноста и перцепцијата на младите во политиката, како и за родовата застапеност, односно учеството на жените во политиката. Како што се посочува во соопштението, Озогуз била позитивно изненадена од нашето законско уредување на ова прашање кое е над европскиот просек.
Двајцата соговорници изразиле согласност дека взаемната интензивна политичка комуникација ќе продолжи да се развива и во иднина.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Иван Нисов се огласи од Полска: Состојбата…
Еден од повредените во страшниот пожар што…
Се врати во Македонија првиот од 115…
Попладнево во земјава пристигна првиот пациент кој…
ЕУ масовно инвестира во одбраната
Лидерите на Европската унија на самитот во…
На Германија и требаат 300.000 нови станови…
Бројката од годишната прогноза за потребите за…
(Фото) Протести и во Германија за Кочани:…
Македонци во Нирнберг Германија, денеска одржаа мирен…