Џафери – Османи: Македонија во духот на добрососедството, дава поддршка на евроатлантските аспирации на Косово
Претседателот на Владата на Република Македонија, Талат Џафери, во рамки на учеството на конференцијата „Меѓународен форум за жени, мир и безбедност” во Приштина, оствари средба со претседателката на Република Косово, Вјоса Османи-Садриу.
На почетокот од средбата, премиерот Џафери на претседателката Османи и се заблагодари за укажаното гостопримство и поканата за учество на конференцијата којашто е во организација на косовската претседателка.
Меѓу другото на средбата беше потенцирана заложбата на двете земји за развојот на билатералните односи, како и актуелните предизвици на регионален и мултилатерален план, а поврзани со безбедносната состојба и економскиот напредок на регионот и пошироко.
Во фокусот на разговорот беа севкупните билатерални односи меѓу Македонија и Косово и можностите за нивно унапредување, во сите области од заемен интерес.
Премиерот Џафери, го реафирмираше ставот дека Македонија во духот на добрососедството, дава поддршка на евроатланските аспирации на Косово, како и поддршка за активно приклучување на Косово во постојани форуми и регионални иницијативи.
Соговорниците разменија мислења за целосна интеграција на сите земји од регионот на Западен Балкан во Европската Унија, потенцирајќи дека тоа значи сигурност, стабилност и севкупен напредок за сите граѓани. Во оваа насока, претседателот на Владата на Македонија, Талат Џафери, истакна дека нашата држава, како земја-членка на НАТО и земја-кандидат за членство во ЕУ, е подготвена да ги стави стекнатите знаења и искуства на располагање на Косово.
Претседателот на Владата на Македонија, Талат Џафери, потенцираше дека Македонија ги следи состојбите меѓу Приштина и Белград и го подржува дијалогот, истакнувајќи дека е потребна конструктивност од двете страни и дека Косово и Србија треба да ги исполнат преземените обврски од Брисел и Охрид.
Премиерот Џафери и претседателката Османи, заеднички констатираа дека мирното решавање на отворените прашања на Западниот Балкан треба да биде апсолутен императив за сите.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Многу гордо: Мицкоски договорил заедничка седница на…
Косово и Македонија ќе имаат заедничка владина…
Заедничка акција на македонското и косовското Обвинителство:…
Поради регистрирани неколку случаи на пуштање во…
Рација на косовската полиција во филијалите на…
Косовската полиција изврши рација во филијалите на…
Нов протест на Србите во Косово утре
Жителите на српските средини во Косово утре…
Фејсбук „војна“ меѓу Пацоли и советникот на…
Пацоли во саботата рече дека шефот на…