Џафери: Пријателските врски меѓу Македонија и Турција се силни и се најцврстата основа врз која ги градиме нашите идни релации
Македонија е богата земја во која посебноста на секоја заедница, како нејзин заштитен знак и идентитет, во природна симбиоза со другите посебности, претставува одличен пример и автентичен индикатор за степенот на демократска зрелост и изградена граѓанска свест во нашето општество, истакна претседателот на Собранието, Талат Џафери на настанот по повод одбележувањето на 21 Декември – Денот на наставата на турски јазик, во организација на МАТУСИТЕБ и ТИКА.
Џафери на настанот на кој присуствувал и претседателот на Големото национално собрание на Турција Мустафа Шентоп, потенцираше дека пријателските и роднинските врски помеѓу граѓаните на нашите две земји се силни, историски, традиционални и топли и тие се најцврстата основа врз која ги градиме нашите идни билатерални и мултилатерални релации.
– Можностите за заемна поддршка и соработка се бескрајни, почнувајќи од за мене многу значајните парламентарни односи и соработка на билатерално ниво, на мултилатерално ниво, во рамките на меѓународните парламентарни собранија каде што сме заедно членки и партнери како ПС на СЕ, ПС на НАТО, ПС на ОБСЕ и Интерпарламентарна Унија, во Процесот за соработка во Југоисточна Европа, и секако во ПАБСЕК каде заедно придонесуваме во градење на подобар свет за сите. Пораката што мојот драг колега Шентоп ја испрати минатата година до граѓаните на Македонија кога се обрати во законодавниот дом и рече дека „при секое доаѓање овде се чувствува како дома“, се зборови кои што сакам и јас да ги упатам денес затоа што Турција секогаш била наш искрен пријател, силна поддршка и верен партнер во секој чекор што го преземаме како држава. Затоа, Ви посакувам топло добредојде во Македонија и дозволете да ја искористам оваа прилика и Вам драг колега Шентоп, на сите присутни во салава, меѓутоа и на сите наши сограѓани, припадници на турската заедница, да ви го честитам овој празник со кој и институционално, и како граѓани на Македонија, изразуваме почит кон културата, идентитетот и посебноста на турската заедница, која е дел од мноштвото култури, обичаи и јазици кои ја красат Македонија, посочил Џафери.
Џафери упати честитки посакувајќи светлината на знаењето го осветли нашиот пат кон подобро утре за нашите граѓани.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
САД ѝ се заканија на Турција со…
Помошникот на шефот на американското Министерство за…
Турција го блокира Инстаграм
Овој потег уследи по коментарите на турскиот…
Турција ќе ги заловува, но нема да…
Турскиот парламент усвои закон што налага сите…
Застрашувачка изјава на Ердоган: Турција би можела…
Турција би можела да влезе во Израел…
Силен земјотрес ја погоди Турција, се почуствува…
Земјотрес со размери од 4,8 степени според…