Џафери: Јас сум 20 години во ДУИ, нема да правам фракции
„Во сабота ќе присуствувам на состанокот на новото раководствот на ДУИ, и покрај тоа што органокот на партијата од Гостивар не е задоволно од овој нов состав“, изјави претседателот на Собранието, Талат Џафери на редовниот брифинг со новинарите, пренесува ТВ 21.
Во однос на тоа дали со револтот што го покажа на претходниот сотанок значи дека ќе има нова фракција во партијата, Џафери кажа дека и покрај незадоволството и револтот што го изразил, не делува фракционерски.
„Јас сум повеќе од 20 години во партијата и ако од нешто не сум задоволен, нема да делувам франкционерски“, рече Џафери.
Во сабота новото раководство на ДУИ ги повика министрите од партијата да реферираат за сработеното. Џафери кажа дека тој нема обврска да реферира бидејќи не е на таква функција како министрите, кои со својата работа одговораат пред граѓаните и имаат должност да ја спроведуваат програмата на партијата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ДУИ бара сеопфатен ветинг на сите јавни…
Претседателот на ДУИ Али Ахмети денеска имаше…
ДУИ му одговори на Мицкоски: Ние сме…
„ДУИ како државотворна партија е гарант за…
ДУИ за кривичната пријава против Бектеши: Го…
Откако поранешниот министер за економија Крешник Бектеши…
ДУИ предупредува: Се руши демократскиот поредок на…
По сериозните закани и насилни пораки упатени…
ДУИ КОНТРА ВЛЕН ЗА „АЛБАНСКА АКАДЕМИЈА“: Квази…
И ова се случи, во екот на…