Џефри Сакс: Франција, Британија, Германија и Полска нема да обезбедат победа за Украина
Американскиот економист и професор на Универзитетот Колумбија во Њујорк, Џефри Сакс, во интервју за руската државна агенција ТАСС изјави дека „четворицата мускетари“ – Велика Британија, Франција, Германија и Полска, „нема да можат да обезбедат воена победа за Украина“.
-Европските политичари се обидуваат да играат „цврсти момци“. Иако, строго кажано, целата ЕУ не е таква, туку Велика Британија, Франција, Германија и Полска – таканаречените „четворица мускетари“ кои имаат намера да ја продолжат борбата против Русија, рече Сакс во интервју за ТАСС.
Според него, реториката на четирите земји се сведува на фактот дека мора да се вооружат, не смеат да попуштат, не смеат да прават компромиси.
-Тие всушност сега го задаваат тонот. Но, дали ќе можат да ги поткрепат овие изјави со вистинска воена помош за Украина и други акции? Не, во таа смисла, не, рече тој.
Сакс оцени дека овие земји не можат да обезбедат воена победа за Украина и дека тоа е „апсолутно јасно“.
Тој, исто така, истакна дека тие не успеале да го сторат тоа дури и кога САД биле „целосно на нивна страна“.
-А сега САД нема доследно да ја поддржуваат антируската воена линија, додаде светски познатиот економист и професор на универзитетот Колумбија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Погодена амбасадата на САД во иранскиот напад…
Амбасадорот на САД во Израел, Мајк Хакаби,…
Што ако Иран го затвори Ормутскиот Теснец?
Расте можноста конфликтот Иран-Израел да ескалира понатаму…
Aмериканците кренаа раце од нас? Хил: САД…
Поранешниот амбасадор на САД во Србија смета…
„Вината за Кочани е во врвот на…
„Речиси четири месеци, Мицкоски и Тошковски се…
Тошковски: Ја намаливме стапката на криминал во…
Панче Тошковски, министер за внатрешни работи, во…