Објавено на:

Џинпинг: Прекин на огнот и политичко решение во интерес на сите страни во конфликтот во Украина

t

Кинескиот претседател Ши Џинпинг изјави денеска дека прекинот на огнот и политичкото решение се во интерес на сите страни во конфликтот во Украина нагласувајќи дека приоритет е да се смири ситуацијата со почитување на три принципи: неширење на бојното поле, деескалација на борбите и почитувањето на прекинот на огнот од двете страни.

Тој за време на разговорот со унгарскиот премиер Виктор Орбан за време на ненадејната посета на Пекинг му се заблагодари на унгарскиот премиер за неговите напори во промовирањето политичко решение за кризата во Украина и детаљно ги објасни позициите и предлозите на Кина, пренесува агенцијата „Ксинхуа“.

Ши ја повика меѓународната заедница да создаде услови и да обезбеди поддршка за обновување на директниот дијалог и преговори меѓу двете страни нагласувајќи дека прекин на огнот во овој конфликт може да се постигне само ако сите големи земји внесат позитивна наместо негативна енергија што е можно побргу.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(ВИДЕО) Украинските сили напредуваат во руската област…

Украинските сили постигнуваат незапирлив напредок во областа…

Падна Gmail, корисниците пријавуваат повеќе проблеми со…

Корисниците ширум светот пријавуваат проблеми со апликацијата…

Руското разузнавање знаело за украинскиот напад две…

Руското разузнавање знаело за претстојната инвазија на…

Македонскиот борач Владимир Егоров го заврши настапот…

Македонскиот борач Владимир Егоров го заврши настапот…

Русија предупредува на обид за дестабилизација на…

Министерството за надворешни работи на Русија издаде…