Џипинг: Вистинската демократија во Хонгконг започна по неговото враќање во Кина
Вистинската демократија во Хонгконг започна по неговото враќање на Кина, изјави кинескиот претседател Си Џинпинг на церемонијата по повод 25-годишнината од враќањето на градот од Велика Британија на Кина.
– По враќањето во татковината, жителите на Хонгконг станаа господари на сопствениот град. Вистинската демократија во Хонгконг започна во тој момент, истакна Си.
Тој додаде оти нема никаква причина за промена на принципот „една држава, два система”, според што Хонгконг има автономија.
Моделот е „многу добар систем, нема никаква причина да го промениме и треба да се зачува на долгорочен план”, смета Си и подвлече дека сè што направил Пекинг, „беше за доброто на Хонгконг”.
Си учествуваше и на церемонијата на инаугурација на новиот шеф на Владата во Хонгконг, Џон Ли.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Следна станица за Ѓоковиќ е Кина!
Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ го потврди учеството…
Мециновиќ од Левица на состанок во кинеското…
Денес во Министерството за надворешни работи на…
Пет лица загинаа, а 14 се повредени…
Пет лица загинаа, а 14 се повредени…
Унгарија тајно зела кинески заем од една…
Унгарската Влада тајно позајмила една милијарда евра…
11 лица загинаа откако мост во Кина…
Единаесет лица загинаа, а повеќе од 30…