Џихадистите јавно погубија младa тиктокерка во Мали
Млада корисничка на „Тикток“ од Мали беше киднапирана во четвртокот, а потоа јавно погубена од џихадисти кои ја обвинија за соработка со војската на земјата, соопшти безбедносен извор и локален пратеник, пренесува Саут Чајна морнинг пост.
Маријам Сисе беше позната по своите видеа на „Тикток“ за нејзиниот град Тонка, во регионот Тимбукту во северниот дел на Мали. Младата жена имаше околу 90.000 следбеници на платформата.
Нејзината егзекуција предизвика длабоки емоции во земјата, која е управувана од воена хунта и се соочува со сериозна безбедносна и економска криза од 2012 година.
„Сестра ми беше заробена во четврток од џихадистите“ кои ја обвинија дека „ја информирала армијата на Мали за нивните движења“, изјави нејзиниот брат за АФП.
„Следниот ден, ја однесоа со мотор до Тонка, на Плоштадот на независноста, и ја застрелаа. Бев во толпата“, продолжи тој.
„Маријам Сисе беше убиена на јавен плоштад во Тонка во петокот од џихадисти кои ја обвинија дека ги снимала во име на армијата на Мали“, потврди безбедносен извор.
Локален парламентарец, исто така, ја потврди егзекуцијата. Џихадистичките групи поврзани со Ал Каеда и Исламската држава се активни во Мали повеќе од една деценија.
Во последните недели, џихадистите на Групата за поддршка на исламот и муслиманите (JNIM) воведоа блокада на увозот на гориво, парализирајќи ја економијата на земјата. JNIM сè повеќе го затегнува својот притисок врз ослабениот воен режим.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Џихадистите јавно погубија младa тиктокерка во Мали
Млада корисничка на „Тикток“ од Мали беше…
Италијански весник: И на Балканот и во…
Италијанските тајни служби откриваат што се тоа…
Нигер, Буркина Фасо и Мали создадоа нов…
Нигер, Буркина Фасо и Мали потпишаа повелба…
Путин дава два милиони долари за набавка…
Претседателот на Русија Владимир Путин се сретна…
Како да им е малку една мака:…
Најмалку 11 лица, од кои повеќето цивили,…