Џозеф до Македонците: Фала Богу што сте дел од НАТО, немојте да мислите дека на Србија или Бугарија им е гајле за вашата сигурност

t

Едвард Џозеф, професор и експерт за надворешна политика во емисијата “Клик плус” на ТВ21 посочи дека Македонија мора да размислува стратешки бидејќи тоа е многу важно за граѓаните.

Според Џозеф единствена сигурснот за Македонија се НАТО и ЕУ.


– Ова многу важно за вредните жители на земјата кои мака мачат да преживеат. Сигурноста иднината на вашата земја не е сигурно под Србија, немојте да мислите дека на Александар Вучиќ му е грижа за вашата сигурност. Не му е.

И на Бугарија не ѝ е важно за вашата сигурност го знаеме тоа. Единствена сигурност земјава е во поголема група, фала Богу што сте дел од НАТО. Би биле во многу полоша ситуација да не бевте дел од НАТО, ќе имавте закани и дестабилизации од Русија. Единствена сигурност ви е Европската Унија, вели Џозеф.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ