Џорџа Мелони: Преговорите САД-ЕУ треба да бидат политички, а не бирократски
Италијанската премиерка Џорџа Мелони изјави дека Европската Унија мора да се ангажира на политичко, а не на бирократско ниво со Соединетите Држави, бидејќи се обидува да го спречи американскиот претседател Доналд Трамп да ги извршува заканите дека ќе воведе тешки царини за увозот од ЕУ.
„Односите со САД се клучни за одржување на силата на Западот. Нашите судбини се испреплетени“, рече Мелони на состанокот со претставниците на индустриското здружение „Конфиндусрија“ во Болоња, пренесува Анса.
Таа додаде дека за време на нејзината посета на Вашингтон минатиот месец, предложила средба во Рим меѓу ЕУ и САД, а првата средба била одржана на 18 мај со американскиот потпретседател Џеј Ди Венс и претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен.
„Тоа беше почеток на дијалогот во кој Италија продолжи да посредува во последните денови и кој мора да продолжи со повеќе политички отколку бирократски пристап“, нагласи Мелони.
Таа нагласи и дека се надева на зајакнување на соработката со Германија откако Фридрих Мерц е избран за канцелар.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Калас: Русија денес нема шанси против ЕУ…
Русија годинава издвои повеќе за војската отколку…
Белата куќа испрати меил со сите изјави…
Во услови на тековниот израелско-ирански конфликт, Белата…
„Мајката на сите бомби“ подготвена за Иран:…
Ескалацијата на конфликтот меѓу Израел и Иран…
САД се подготвуваат да копаат литиум во…
Украинските власти ги презедоа првите чекори за…
Карлсон: Војната со Иран би значела крај…
Познатиот американски политички коментатор и новинар Такер…