Џо Бајден има агресивен рак на простата
На поранешниот американски претседател Џо Бајден му е дијагностицирана агресивна форма на рак на простата која веќе се проширила на неговите коски, соопшти неговиот личен кабинет во неделата.
„Минатата недела, претседателот Џо Бајден беше на преглед за новооткриен израсток на неговата простата, откако имаше сè поизразени проблеми со уринарниот систем. Во петокот му беше дијагностициран рак на простата, со Глисонов скор од 9 (Група 5), со коскени метастази“, се вели во соопштението.
„Се разгледуваат опции за третман“
Се додава дека ова е поагресивна форма на болеста, но туморот е чувствителен на хормони, што овозможува ефикасен третман. Бајден и неговото семејство наводно моментално разговараат за опциите за лекување со своите лекари.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Бугарија веќе шест месеци нема важен лек…
Повеќе од шест месеци – уште од…
Студентите поднесоа нова кривична против Вучиќ за…
Студентите кои ги блокираа правните и медицинските…
Скопјнец возел со 1.34 промили алкохол во…
Поради основано сомневање дека сторил кривично дело…
Трамп: Нема да го убиеме иранскиот лидер,…
Американскиот претседател Доналд Трамп објави серија пораки…
Ја тепал сопругата за да му даде…
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје…