Дипломатско признание за Темелковски од ОН
Зоре Темелковски поранешн спортист, спортски работник, бизнисмен и пратеник во првиот состав на македонскиот парламент по осамостојувањето и во пензионерските денови не мирува. За својата општествена и хуманитарна активности, денеска на маргините од меѓународната конфернеција Преспа форум за дијалог, која изминативе денови се одржа во Охрид, доби дипломатско признание од претставниците на Обединетите Нации кои беа учесници на овој собир.
Во хотелот „Аквалина“, во Охрид, на Темелковски од Флорентин Скалетчи му беше врачена диплома за досегашната активност на сите полиња. Како прв претседател на Македонско-бугарската стопанска комора и човек со долгогодишно искуство ќе биде предложен да се најде во работните групи кои ќе работат во надминувањето на спорните прашања и враќање на меѓусебната доверба со источниот сосед за одблокирање на македонскиот пат кон ЕУ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Никакво рационално објаснување зошто се чекаше…
Нема никакво рационално објаснение зошто после полни…
Вајц: Бев мета затоа што одбив да…
Тој се пожали дека бил цел на…
Важно известување: АХВ со нови мерки за…
Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) воведе…
Не ги изедначувајте празниците:Задушницата е за спомен…
Граѓаните честопати ги изедначуваат празниците Задушница и…
Дебитантот Деспотовски: Против Белгија мораме да бидеме…
Македонската фудбалска репрезентација в петок на 6…