10-годишно дете прегазено викендов во Струга
Дете било прегазено викендов во Струга. Тешко е повредено од удар од „голф“ управуван од 60-годишен возач.
– На 20.06.2026 во 10:10 часот во ОВР Струга е пријавено дека на ул.„Маршал Тито“ во Струга, патничко возило „фолксваген голф“ со охридски регистарски ознаки, управувано од 60-годишиот М.Б. од Охрид, удрило во 10-годишно дете од Струга. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетниот, констатирани во Специјалната болница „Свети Еразмо“ во Охрид, информираа вчера од полицијата во дневниот билтен.
Извршен е увид од увидна екипа на СВР Охрид.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
10-годишно дете прегазено викендов во Струга
Дете било прегазено викендов во Струга. Тешко…
Мицкоски денес на средба со маркетите
Премиерот Христијан Мицкоски најави нов состанок за…
САД и Иран формираат „група за управување…
Иран и САД се согласија да формираат…
Нетанјаху: Нема да дозволам Иран да се…
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека израелските…
Трамп до Иран: „Ако го затворите теснецот…
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави за Фокс…