10 годишно дете три дена е изгубено во Мариово, додека беспилотните летала на МВР фаќаат прав во некој склад

t

И по два дена, сѐ уште нема ниту трага ниту глас од 10-годишниот Петар кој во петокот попладнето исчезна од селото Врбско во Мариово. Според информациите од СВР Битола потрагата продолжува, но засега нема никакви резултати. Временските услови, врнежите од снег и студеното време, ја отежнуваат потрагата.

Пределот се пребаруваше до доцна синоќа со екипи на полицијата, од граничната и од прилепската станица, со доброволци, ловџии, од спасувачката служба од Прилеп и противпожарната единица. Вчера беше вклучен и хелихоптер на МВР.

На 10-годишниот Петар трагата му се губи во петокот по 16 часот. Родителите на Петар, со своите три деца од Прилеп, каде живеат, неколку дена биле во селото за да ги проверат пчелите. Петар е дете со посебни потреби кое тешко комуницира. Кога исчезнал бил во лесна облека.

Министерството за внатрешни работи располага со беспилотни летала, за чија набавка беше потрошена огромна сума на пари, а кои, според спецификациите, имаат и термална камера.

МВР, место да ги стави во функција и не ги употреби за да се спаси животот на 10 годишниот Петар кој веќе трети ден е исчезнат во од селото Врбско во Мариово, ги чува в о некој склад каде што собираат прав.

Ako bea bespilotnite vo funkcija, i ako ne gi ostavija da skapuvaat vo hangari, imaa golemi sansi da go najdat bidejki e opremeno so mokna termalna kamera.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Трагeдија во Охрид: Жена загина кога автомобил…

45-годишна жена од Охрид трагично го загуби…

Владата ќе ги покачува пензиите непосредно пред…

Министерката за финансии, Гордана Димитриеска Кочоска, денеска…

Дали ДПМНЕ го награди Максим со 243…

Од унгарскиот кредит од 50 милиони евра,…

Николоски: ОПОЗИЦИЈАТА ЌЕ ОСВОИ ОД 0 ДО…

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски…

Ужас во Охрид: Автомобил влета меѓу пешаци…

Стравична сообраќајка вечерва ја потресе Охрид –…