10 милиони долари кеш и авионски билети пронајдени во куќата на телохранителот на Калин Георгеску

Романските обвинители пронајдоа 10 милиони долари во готовина закопани во подземен сеф во куќата на телохранителот на Калин Георгеску.
Пронајдени се и авионски билети за Москва, објавено е за социјалните мрежи.
Засега нема повеќе информации за акцијата.
Илон Маск повторно коментираше за Георгеску: Го уапсија тој што освоил најмногу гласови на изборите
„Го уапсија лицето кое освои најмногу гласови на изборите во Романија“, пишува Илон Маск, во средата, на платформата Х.
„Тие штотуку го уапсија лицето кое освои најмногу гласови на претседателските избори во Романија. Тоа е хаос“, рече Маск.
Според цитираните извори, Георгеску е осомничен за основање фашистичка организација за уривање на уставниот поредок и незаконско финансирање на изборната кампања.